Англичани ќе судат на првите четвртфинални натпревари на Европското првенство

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Европската куќа на фудбалот одреди англиски судии за двата четвртфинални натпревари на Европското првенство

На програмата во петок се два од четирите четвртфинални натпревари, а правда во нив ќе делат Ентони Тејлор и Мајкл Оливер.

Тејлор е означен да ја дели правдата на натпреварот помеѓу Шпанија и Германија. Него ќе му помагаа Гари Бесвик и Адам Нан, за четврти судија е избран Иван Кружљак. Дуелот е закажан за во петок од 18:00 часот.

Натпреварот во вечерниот термин помеѓу Португалија и Франција му е доверен на Мајкл Оливер, а асистенти ќе му бидат Стјуарт Барт и Дан Кук. Чеврти судија е Полјакот Симон Марчињак. Терминот на натпреварот е петок 21:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот