Ангелов апелира земјоделците да не оставаат плински боци на полињата

Фото: ЦУК

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов апелираше до земјоделците да не оставаат плински уреди на полињата.

Според него, ваквите уреди се опасност за појава на пожари на отворено и веќе има најмалку еден потврден случај за експлозија на плинска боца. Се појавил пожар кој за среќа брзо бил совладан и не прераснал во шумски пожар.

„Од страна на земјоделците на повеќе локации низ државата се користат плински уреди кои одвреме навреме испуштаат звук сличен на пукот кој ги брка птиците кој го оштетува нивниот род. Ваквите плински уреди претставуваат голема опансост за предизвикување пожари на отворено кои потоа прераснуваат во шумски пожари. Веќе имаме најмалку еден потврден случај кога дошло до еклоплозија на плинската боца и благодарение на брзата интервенција на локалните пожарникари, беше брзо совладан и не се претвори во голем пожар на отворено. Апел до сите оние кои користат плински уреди да бидат исклучително внимателни. Или да не ги користат, или доколку ги користат, тоа да биде во согласност со законските и подзаконските уредби кои подразбираат безбедно користење на ваквите уреди. Оставањето на плинските боци на сонце е голем ризик и потенцијал за појава на пожар“, рече Ангелов.

Вториот апел, како што кажа Ангелов, е до сите луѓе кои живеат во своите стари куќи или викендици во напуштените или полунапуштените села. Доколку забележат лабави жици и кои можат да предизвикаат искрење, истото итно да го пријават во ЕВН.

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 29 пожари на отворено, од кои пет се активни, три се под контрола и 21 се изгаснати.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот