Андреј Рубљов непријатно изненаден на стартот на „Вимблдон“

фото: EPA-EFE/TIM IRELAND

Рускиот тенисер Андреј Рубљов не успеа да се пласира во второто коло на „Вимблдон“, откако денеска на стартот беше поразен од Аргентинецот Франсиско Комесана со 6:4, 5:7, 6:2, 7:6 (7:5).

Мечот траеше два часа и 57 минути. Рубљов е шестиот тенисер во светот, додека Комесана е 122 на АТП листата.

Комесана во второто коло ќе игра против Австралиецот Адам Волтон, кој беше подобар од Аргентинецот Федерико Корија со 6:3, 6:3, 7:5.

Во второто коло на „Вимблдон“ се пласираа и Новак Ѓоковиќ, Алекс де Минор, Тиаго Сејбот Вајлд, Јошишито Нишиока, Лучијано Дардери, Томас Мартин Ечевери, Хуберт Хуркач, Лоренцо Музети, Алексеј Попирин, Бен Шелтон и Александар Зверев.

Вондроушова лани ја освои титулата на „Вимлбдон“, а сега е елиминирана во првото коло

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас обезбеди второ коло на Вимблдон. Моментно 11 играч во светот по нешто помалку од два и пол часа игра го совлада Јапонецот Таро Даниел со 7:6 (5), 6:4, 7:5.

Негов ривал во следната рунда ќе биде подобриот од дуелот Мекензи Мекдоналд – Емил Русувори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот