Андреј Магдевски повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром

фото: КФСМ

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром за следната сезона ќе биде дополнително засилена на плејмејкерската позиција, откако во тимот се врати македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски (28 год, 192 см).

За него ова ќе биде трета епизода во „сино-белиот“ дрес, откако претходно за гордоста на Аеродром настапуваше во периодот помеѓу 2018 и 2021 година, а потоа и во 2022 година, кога по неколку месеци му беше дозволено да замине во Холандија.

Магдевски со актуелниот македонски шампион има освоено две шампионски титули и тоа во 2019 и 2021 година, кога воедно беше избран за најкорисен МВП играч на финалната серија.

Репрезентативниот плејмејкер е 10 кошаркар во составот со кој во следната сезона ќе ја брани двојната круна на домашна сцена и ќе стори сѐ за да се врати во АБА-лигата. Покрај него во тимот засега се Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков. Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, како и интернационалците Брандон Слај (САД), Марко Баковиќ (Хрватска) и Милош Копривица (Србија).

Новата сезона за МЗТ Скопје официјално почнува на 24 септември со домашниот меч против Теодо Тиват во АБА2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот