Андоновски: Целта е до 2030 година 80 отсто од возрасните да се дигитално писмени

Стефан Андоновски / Фото: "Слободен Печат" / Методиј Здравев

„Наша цел е до 2030 година, најмалку 80% од возрасното население да поседува основни дигитални вештини“, рече денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во обраќањето на министерска конференција на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука и истражување и иновации, во организација на делегацијата на Европската унија во Македонија.

Во своето обраќање, министерот Андоновски ја истакна важноста на дигиталната трансформација за напредокот на Македонија и регионот.

“Денес дигиталните вештини и иновации се клучни за напредокот на нашето општество и економија“,  изјавил Андоновски, соопштија денеска од Министерството за дигитална трансформација.

Исто така, Андоновски истакна дека оваа Влада се стреми значително да се зголеми бројот на ИКТ професионалци, со посебен фокус на зголемување на учеството на жените во оваа област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот