Американска тенисерка е побогата од Надал, Федерер и Ѓоковиќ заедно

EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Ема Наваро е „тешка“ три милијарди долари, што не е богатство од турнири туку од татко и Бен, кој е инвестициски тајкун

Американската тенисерка Ема Наваро (23) која е на 17. место на ВТА листата не мора да се грижи за финансиската страна во своите спортски настапи.

Американката е побогата од трите најголеми тениски аса на денешницата, Рафаел Надал, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ – заедно?!

Се проценува дека богатствоот на младата Американка е три милијарди долари, што е поголема сума од богатството на Федерер (550 милиони долари), Надал (220 милиони долари) и Ѓоковиќ (240 милиони долари) заедно.

Секако Наваро не го заработила своето богатство преку турнири или рекламни договори, туку тоа доаѓа од татко и Бен Наваро.

Американскиот тајкун е основач и соптвеник на „Шерман фајненшел груп“ и оттаму е богатството на Американката.

Наваро првпат се појави на грен-слем со вајлд-карта на САД Опен во 2021 година и беше поразена во првото коло. Потоа влезе во вториот круг на Ролан Гарос минатата година.

Наваро се пласираше во третото коло на годинашниот Австралија опен. Таа минатиот месец стигна до четвртото коло на Ролан Гарос. Наваро игра на Вимблдон и утре треба да се сретна со Наоми Осака во второто коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот