Американците бегаат од Либан, Вашингтон се труди да овозможи повеќе летови

Аеродромот во Бејрут/ Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

САД се во процес на извлекување на своите граѓани од Либан, додека Израел продолжува со нападите во регионот.

Американската амбасада во Бејрут информира дека соработува со авиокомпании за организирање на дополнителни летови.

Американските граѓани се повикани да избегнуваат патување во Либан или веднаш да го напуштат ако се таму.

„Поради зголемената нестабилност по воздушните напади во Бејрут и непредвидливата безбедносна ситуација во целата земја, Амбасадата на САД ги советува американските граѓани да се повлечат додека сè уште се достапни комерцијални опции“, порачаа од Амбасадата.

Комерцијалните летови се достапни, но нивниот капацитет е ограничен.

Ако безбедносната ситуација се влоши, опциите за заминување со комерцијален лет може да станат недостапни“, се наведува во официјалниот совет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот