Амбасадорката на САД во Албанија ги презантираше приоритети

Taa oбјаснува дека за време на нејзиниот мандат ќе се фокусира во три приортети.

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, преку куса видео порака, ја нагласува големата чест што е амбасадор на САД во Албанија а ги презантираше и приоритети за време на нејзиниот мандат во Албанија.

– Голема чест ми е што служам како амбасадор на САД во Албанија! Да се запознаеме подобро! Како што САД низ годините даваше подршка кон Албанија, така и Албанија беше лојален сојузник на САД , вели таа.

Објаснува дека за време на нејзиниот мандат ќе се фокусира во три приортети.

– Како прво, ќе работам за да ги продлабочиме нашите односи во сферата на одбраната, за да Албанија биде посилен и поспособен сојузник. Второ, ќе продолжам да го потикнувам унапредување на демократскиот развој на Албанија, и ќе ги подржам вашите напори за интеграција во ЕУ. Европските аспирации на Албанија и реформите што се бараат, ќе донесат многу добри работи и конзистентност за вас и регионот. Трето, ќе работам на потикнување на инвестициите на САД во Албанија, за да овозможиме повеќе работни места и можности за американците и албанците- вели меѓу другото амбасадорката на САД, Јури Ким.

Амбасадорката Ким во Албанија допатува на краjот од минатиот месец а акредитивните писма на шефот на државата Илир Мета му ги предаде на 27 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот