Алкараз со победа го стартуваше Вимблдон, но покажа слабости против анонимец од Естонија

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Aктуелниот шампион на Вимблдон, Карлос Алкараз со победа ја започна одбраната на титулата во Лондон, но до триумфот не дојде баш лесно.

Шпанецот со 3:0 во сетови беше подобар од Естонецот Марко Лајала кој е 269. тенисер во светот. Алкараз славеше победа со 7:6, 7:5 и 6:2 по еден час и 23 минути игра.

Се прикажа во одлично издание 20-годишниот Естонец на еден од најголемите турнири во светот. Во првиот клучен беше тај-брејкот кој третиот играч во светот го доби со 7:3.

Во наредниот сет моментот на одлука беше во 12. гем кога Шпанецот го одзема сервисот на Лајала и поведе со 2:0. По тој загубен сет Естонецот немаше сили да се врати и во третиот сет освои само два гема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот