Алкараз со сигурна победа до полуфинале на турнирот во Пекинг

Фото: EPA-EFE/WU HAO

Шпанецот Карлос Алкараз со победа од 2:0 во сетови против Карен Качанов се пласираше во полуфиналето на турнирот во Пекинг.

Првиот сет Алкараз го доби со 7:5, а првиот брејк го направи дури во 11 гем и веднаш потоа да го потврди со првата сет топка.

Во вториот сет шпанскиот тенисер го крена нивото на игра и се одеше далеку полесно за фаворитот. Качанов застана на 2:2, Алкараз ги доби следните четири гема и така дојде до победата и пласманот помеѓу најдобрите четворица тенисери на турнирот.

За место во финалето Алкараз ќе игра против Данил Медведев кој претходно беше подобар од Флавио Коболи исто така со 2:0 во сетови (6:2, 6:4).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот