Алкараз по голема борба во пет сета обезбеди осминафинале на Вимблдон

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Шпанецот Карлос Алкараз се намачи за пласман во осминафиналето и во дури пет сета го елиминираше Френсис Тиафо (5-7, 6-2, 4-6, 7-6, 6-2).

Тиафо одигра одличен меч и вршеше притисок врз фаворитот кој долго време не беше на препознатливото ниво. Алкараз прв дојде до брејк и поведе со 4:2, но ниту тоа не влијаеше на Американецот кој направи серија од 5:1 и поведе со 1:0 во сетови.

Алкараз беше подобар во вториот сет кога му дозволи само два гема, меѓутоа во третиот одново Тиафо беше подобар за ново водство во сетови со 2:1.

Во четвртиот сет не видовме ниту еден брејк, па следуваше тајбрејк. Во него на Тиафо не му одеше, па Алкараз брзо дојде до 5:0 и го освои сетот за 2:2. Шпанскиот ас во одлучувачкиот петти сет Алкараз не дозволи изненадување и со 6:2 дојде до победа за пласман во осминафиналето.

Противник на Алкараз во полуфиналето ќе му биде подобриот од мечот помеѓу Игор Амбер и Брандо Накашима.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот