Алкараз по голема борба го победи Синер во финалето и го освои турнирот во Пекинг

Фото: EPA-EFE/ANDRES MARTINEZ CASARES

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до трофејот на турнирот во Пекинг откако денеска во финалето беше подобар од Јаник Синер со 2:1 во сетови.

Алкараз со овој триумф влезе во серија од три победи во низа против најдобриот светски тенисер во овој момент и сите три дуели завршија со по еден освоен сет на Синер.

Мечот во Пекинг донесе голема борба која траеше три часа и 21 минута, а до победата Алкараз дојде со пресврт. Првиот сет го доби Синер во тај-брејк откако прво спаси три сет топки, но подоцна шпанскиот ас одговори на вистински начин и вториот сет го доби со 6:4 за израмнување.

Алкараз направи брејк и во третиот одлучувачки сет, но Синер и тука возврати, па победникот се решаваше во тај-брејк. Титулата за Алкараз во Пекинг беше 16. во кариерата и четврта оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот