Алкараз мотивиран: Не ме интересираат противниците, дојдов да го освојам Вимблдон

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Шпанецот Карлос Алкараз со големи амбиции го очекувап очетокот на Вимблдон кој е на програмата од 1. до 14. Јули.

Алкараз минатата година го освои овој турнир со победата против Новак Ѓоковиќ во финалето. Пред почетокот шпанскиот ас порача дека не го интересираат ривалите и негова цел е да го освои турнирот.

„Тука сум да го повторам резултатот од минатата година. Чувството кога ќе се вратите како бранител на титулата е посебно, но не сакам да размислувам премногу за тоа. Морам да сум фокусиран на секој тренинг, не размислувам за ривалите, посебно за повредите на некои од нив. Секогаш ќе одам на победа“, изјави Алкараз.

Проблем со повреда пред почетокот на турнирот имаше Ѓоковиќ, но сега е потврдено дека српскиот тенисер ќе настапи на еден од најголемите турнири

Алкараз турнирот ќе го започне против Марк Лајал кој се наоѓа на 262. позиција на АТП листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот