Алијансата за Албанците смета дека има етничко чистење на Албанците во институциите и во здравствениот сектор на чело со Таравари

Арбен Таравари / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Етничкото чистење на Албанците во институциите кое започна со намалувањето на процентот во Балансер, продолжува со здравствениот сектор на чело со Арбен Таравари, велат од Алијансата за Албанците.

„Денеска за жал беше објавено дека директорот на Клиниката за токсикологија, поставен од самиот Таравари, отпуштил 18 Албанци. Во меѓувреме, голем број вработени во други клиники алармираат дека добиле предупредувања дека многу брзо може да ја имаат истата судбина. Го повикуваме Таравар и коалицијата ВЛЕН да престанат со оваа сервилност сега веќе со сериозни последици за Албанците. Јавно ги прашуваме дали е ова делувањето што толку помпезно ја најавија и промената што им ја ветуваа на Албанците во кампањата. Со оваа промена навистина ги спроведувате политиките на Мицкоски „Македонија повторно твоја“!, стои во соопштението на Алијансата за Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот