Алијанса на Албанците: Северна Македонија не е на друга планета, амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство

Зијадин Села - собрание на Алијанса на Албанците /Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Амбасадорите на нашите пријателски земји и стратешките партнери насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ, се вели во соопштенито на Алијансата за Албанците

„Северна Македонија не е на друга планета, туку географски, културен, социјален и политички дел на Западот.Жал ни е што ВМРО се враќа и со кадри и со политики во времето на Груевски. Од друга страна, драго ни е што ова вистинско и нереформирано лице на ВМРО ќе ги сензибилизира сите оние фактори кои речиси заборавија од каде доаѓаат овие луѓе.Речникот на Вучиќ и понатаму ќе биде дел од вокабуларот на Христјан Мицковски.Заробувањето и дисциплинирањето на судството од страна на ВМРО е стара опсесија и најостро го осудуваме секој таков обид“, се додава во соопштениеот на Алијансата за Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот