„Александра Пријовиќ е бремена“: Мајката на пејачката се огласи во врска со овие гласини

По третиот концерт на Александра Пријовиќ во хрватскиот град Осиек, на социјалните мрежи почна полемика за можната бременост на пејачката.

„Александра е 100 отсто бремена“, „Се гледа нејзиниот стомак“, „Изгледа дека е трудна“, искоментираа фановите на Пријовиќ.

Имено, пејачката се појави на сцената во тесен и бел комбинезон, а нејзиното стомаче ѝ го привлече вниманието на публиката.

Гостинка на третиот концерт беше и мајката на пејачката, Борка Михајловиќ, која веднаш ја искоментира актуелната тема за медиумите.

„Не. Не. Боже, би сакала. Едвај чекам, но уште ништо од тоа“, потврди Борка.

Да потсетиме, Александра Пријовиќ продолжува да руши рекорди низ регионот, а по Осиек ѝ следуваат концертите во хрватските градови Риека и Вараждин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот