Алек Болдвин се изјасни за невин по обвинението за убиство од небрежност во пукањето на сетот на филмот „Р’ѓа“

Алек Болдвин Фото:EPA-EFE/JASON SZENES

Актерот Алек Болдвин се изјасни за невин по повторното обвинение за ненамерно убиство во фаталното пукање на кинематограферката Халина Хачинс во 2021 година на сетот на вестерн филмот „Р’ѓа“ во Ново Мексико, пишува „Си-би-си њуз“.

Според судските документи поднесени во средата во судот на округот Санте Фе, 65-годишниот Болдвин се изјаснил за невин по обвинението, кое претходно овој месец го покренаа специјалните обвинители на Ново Мексико.

На 21 октомври 2021 година, на филмски сет, 42-годишната Хачинс била погодена и убиена од истрел, кога пиштол-реквизит што го држел Болдвин испукал за време на пробата.

Болдвин постојано негираше дека го повлекол чкрапалото од пиштолот. Сепак, форензичкиот извештај објавен од страна на обвинителите во август минатата година, утврди дека најверојатно чкрапалото е повлечено.

На Болдвин не му е дозволено да консумира алкохол и не може да ги напушти САД без писмена дозвола од судот, според налогот за условно ослободување потпишан од судијата во средата. Исто така, му е дозволено да има контакт само со потенцијални сведоци што се однесуваат на „деловни работи“ поврзани со филмот „Р’ѓа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот