Албанските пратеници кои палеа столчиња исклучени од собранието

Фото; Euronews

Секретаријатот за етика при албанскиот парламент донесе одлука, со која, пратениците кои предизвикаа хаос во салата и запалија столици пред собраниската зграда, ги исклучи од работата од 10 дена до два месеца.

Два месеца вон Собранието ќе бидат Фламур Нока, Газмент Барди и Бледион Налбати. За пратеникот Еди Палока оваа казнена мерка е 10 дена, додека други 20 се исклучени на 40 дена.

За тој период тие нема да добијат плата.

Одлуката е донесена денеска, по барање на пратеничката група на социјалистите да се преземат дисциплински мерки против нив, поради тензиите и насилството создадено на собраниската седница во понеделникот од страна на демократските пратеници, во знак на незадоволство од едногодишната затворска казна за нивниот сопартиец, пратеникот Ервин Салиањи, чиј адвокат денеска поднесе жалба до Врховниот суд.

И денешниот состанок на Советот за етика беше проследен со хаос и тензии предизвикани од опозициските пратеници.

Генералниот секретар на ДП Фламур Нока во изјава за медиумите потврди дека граѓанската непослушност ќе продолжи.

Ова е за жалење, истакна европскиот амбасадор во Тирана откако политичари запалија столчиња пред парламентот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот