Албанската опозиција за 6 октомври најави „национален протест“

Сали Бериша / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија (ДП) и поранешен премиер и претседател, Сали Бериша, денеска најави масовни протести и граѓанска непослушност на целата територија на земјата, чиј почеток ќе биде означен на 6 октомври, со масовен „национален протест“.

-Пратениците од опозицијата ќе ги предводат протестите, револтот и граѓанската непослушност на секое место, вклучително и во собраниската сала. Прво, несомнено ќе биде национален протест. Ова без какво било сомневање. Второ, тоа ќе биде национална акција. Се утврдуваат сите мерки кои имаат за цел да одговорат на национално ниво на бруталниот чин на мафијата Рама-Џафај и почетокот на нашата битка, која беше 100 отсто програмирана и планирана за техничка влада и слободни избори, рече Бериша преку онлајн прес-конференција.

Тој додаде дека за пратениците и раководството на ДП има само една цел и мото „битка, битка и само битка“.

– До денеска ДП беше во одбрана. Од 6 октомври натаму ДП оди во напад. Во незапирливата битка, ДП ги концентрира сите свои потенцијали на напад на наркократијата и формирање техничка влада. Граѓанската непослушност е универзум на мерки опишани детално во прирачниците за граѓанска непослушност. Сите тие мерки ќе се користат се додека не се реализира целосната цел, создавање на техничката влада. Ние не сме за екстремни форми, туку веруваме и убедени сме дека граѓанската непослушност е патот по кој ДП ќе ги реализира своите цели, порача тој.

Бериша, кој од декември минатата година е во домашен притвор под сомнение за корупција и злоупотреба на службената должност додека бил премиер, рече дека е осомничен само затоа што го бранел Уставот и нагласи дека ќе застане „силно против овој режим со целосно уверување дека оваа битка ќе биде добиена“.

Масовни протеси со блокирање патишта, аеродроми, универзитети и други институции, Демократите најавија пред два дена откако Апелацискиот суд, на пратеникот Ервин Салиањи, му ја потврди едногодишната затворска казната под обвинение за „клевета“, што и тој и партијата, ја отфрлаат и ја сметаат за „политички прогон на опозицијата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот