Албанија во обид да ја исправи грешката – го промени Свереномакедонци во Македонци на пописните резултати

Корегирано името во пописните листи на Албанскиот Институт за статистика.

Наместо Северномакедонци како што беа запишани во пописните резултати сега стои Македонци.

Промената доаѓа по реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи и средбата на министерот Тимчо Муцунски со неговиот албански колега Хасани на форумот во Дубровник.

Македонското МНР најави дека ќе го повика македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски на итни консултации во Скопје по што ќе биде решено дали и какви чекори ќе бидат преземени понатаму.

Според пописот на населението во Албанија, чии резултати беа објавени вчера, во оваа земја како Македонци се попишани само 2.281 државјанин, додека како Бугари 7.957 државјани, етничка заедница која ја немало на претходните пописи на населението.

Во прегледот на етничката застапеност на населението, ја пишува припадноста за сите етнички заедници, освен за Македонците.

Кај нив пишуваше – Северна Македонија.

Ова предизвика бура реакции. Освен МНР, реагираа и здруженијата на Македонците од Албанија.

МД „Илинден“-Тирана: Бројките за македонското национално малцинство се манипулирани и груб пописен фалсификат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот