Албанија е меѓу земјите со најголем број на затвореници во Европа

Албанија е рангирана меѓу земјите со најголем број затвореници во однос на бројот на жители, според последните податоци објавени од Евростат, објави Телеграфи. Во 2021 година Албанија имала 202 затвореници на 100.000 жители и била втора во регионот по Црна Гора, а најниско ниво е забележано во Србија, со 166 затвореници на 100.000 граѓани.

Податоците за Северна Македонија се од 2017 година, кога тој број бил 122, додека во 2020 година на Косово биле затворени 143 лица на 100.000 жители.

Во Албанија рекордот е постигнат во 2018 година, кога според податоците на Евростат, во таа земја имало 217,3 затвореници на 100.000 жители.

Во Европа рекордот го држи Турција, која има 323 лица во затвори на 100.000 жители.

Во 2021 година, во ЕУ имаше 475.038 затвореници, што е еквивалентно на 106 затвореници на 100.000 луѓе, а стапката на апсење се зголеми, откако падна во 2020 година.

Највисоки стапки на затвореници на 100.000 луѓе во 2021 година се во Унгарија и Полска (по 191), потоа Словачка (185), а најниска во Финска (51), Словенија (54) и Холандија (65).

Во 14 од 26-те земји на ЕУ кои ги доставија своите податоци, стапката е зголемена во споредба со 2020 година.

Во 2021 година, осум земји на ЕУ имаа преполни затворски ќелии, додека 17 земји имаа дополнителен капацитет.

Во 14 од 25 земји на ЕУ кои дадоа податоци во 2021 година, стапката на затворска популација се зголеми во споредба со 2020 година, кога падот беше овозможен со мерките поврзани со коронавирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот