Ал Хилал дочека: Нејмар по пауза од една година се врати на тренинзите

Фото: neymarjr

Бразилскиот фудбалер Нејмар се враќа на тренинзите во редовите на Ал-Хилал по пауза од скоро една година.

Нејмар се здоби со тешка повреда во настапот за репрезентацијата на Бразил против Уругвај кој се одигра на 17 октомври.

Поради повредата Нејмар кој потпиша богат договор со саудискиот клуб од доаѓањето одигра само пет натпревари.

„Среќен сум што се враќам на тренинзите“, објави Нејмар на социјалните мрежи.

Ал Хилал и без него во составот минатата сезона успеа да ја освои шампионската титула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neymar Jr (@neymarjr)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот