Активистките кои фрлија супа врз „Сончогледите“ на Ван Гог добија затворски казни

Две британски екоактивистки од движењето „Едноставно запрете ја нафтата“ осудени се на затворска казна за инцидентот во кој фрлија супа врз сликата „Сончогледи“ од Винсент ван Гог во Националната галерија во Лондон.

Фиби Пламр и Ана Холанд осудени се на две години односно 20 месеци затвор соодветно, за причинетата штета на рамката на сликата. Самата слика остана недопрена.

Инцидентот се случи во октомври 2002 година, кога двете активистки фрлија супа од домати врз сликата, чија вредност се проценува на околу 84 милиони долари. „Нападот“ беше дел од поширока акција врз скапоцени уметнички дела во повеќе познати европски музеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот