Актерот од „Луд, збунет, нормален“ кој е осуден за педофилија, ќе биде запишан во црногорскиот регистар на педофили

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Актерот Моамер Касумовиќ, најпознат по улогата на Дамир Фазлиновиќ од серијата „Луд, збунет, нормален“ ќе биде запишан во Регистарот на сторители на кривични дела против сексуалната слобода во Црна Гора. Неодамна, актерот во Сараево беше осуден за кривично дело блуд над малолетник со затворска казна од една година.

Босанска „Побједа“ го праша Министерството за правда дали Касумовиќ ќе биде во Регистерот со оглед на тоа што е роден во Црна Гора, а сега живее и работи во повеќе земји од поранешните југословенски простори.

Од Министерството појаснија дека според казнената евиденција се вклучени и лицата осудени на кривични дела од странски судови и тоа црногорски држајани, странски државјани и лица без државјанство кои се родени на територија на Црна Гора и странски државјани кои се постојано населени во Црна Гора.

Касумовиќ беше осуден за блудни дела врз 15-годишно момче, а конечната пресуда беше донесена на 22 мај минатата година. Обвинението против него беше поднесено од Обвинителството на кантонот Сараево на почетокот на февруари 2021 година. Казната  ја купил за 18.000 евра.

Откако беше осуден за педофилија, актерот од „Луд, збунет, нормален“ изгуби улога во нова серија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот