Актер одбива да се бакнува со колешките: „Моите усни се само за мојата сопруга“

Нил Мекдона со сопругата / Фото: Инстаграм/Нил Мекдона

Американскито актер Нил Мекдона одбива да учествува во какви било интимни сцени во својата актерска работа, па дури и одбива да се бакнува, пренесува „Јунилад“.

Многу ѕвезди имаат одредени правила и сцени кои не сакаат да ги снимаат или клаузули во нивните договори со кои нема да се согласат. Мекдона истакнува дека одбива сцени со бакнување поради неговите религиозни убедувања.

„Јас сум многу религиозен. На прво место ги ставам Бог и семејството, а на второ – себеси. Тоа е она по што се водам“, рекол актерот.

Нил Мекдона со сопругата / Фото: Инстаграм/Нил Мекдона

Актерот вели дека е многу среќен со неговата сопруга Руве Мекдона и семејството.

„Нема да бакнувам друга жена бидејќи овие усни се само за една жена“, рече тој.

Тој тврди дека бакнувањето со друга жена во филмот за него би било неверство.

Нил Мекдона со сопругата / Фото: Инстаграм/Нил Мекдона

Неговото одбивање да снима интимни сцени претходно беше пречка за неговата кариера. Зборувајќи за „Клоусер викли“, тој се присети дека бил отпуштен од „Еј-би-си“ поради неговиот став.

„Бев изненаден и тоа беше ужасна ситуација за мене. После тоа не можев да се вработам бидејќи сите мислеа дека сум религиозен фанатик“, рекол тој.

Мекдона и неговата сопруга првпат се запознале на снимањето на серијата „Браќа по оружје“ („Band of Brothers“), а за Мекдона тоа било љубов на прв поглед. Двојката има пет деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот