Ако се сретне со Мицотакис на Самитот на НАТО, Мицкоски се надева дека ќе разговараат како партнери и добри соседи

Христијан Мицкоски, премиер Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Ако има средба со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис на претстојниот Самит на НАТО, премиерот Христијан Мицкоски се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи.

– Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку дојде до таков разговор. Ако не дојде се надевам дека набргу ќе дојде, истакна Мицкоски во врска со претстојниот Самит на НАТО во Вашингто и со изјавата на Мицотакис дека очекува од новиот премиер да го користи уставното име на земјата и за внатрешна и за надворешна употреба и дека конкретното прашање ќе го поведе и на претстојниот Самит.

Ставот на Владата, како што изјави тој, е да гради добри односи со сите соседи, но дека сите односи се двонасочна улица.

– Нашиот став како Влада е дека сакаме да имаме добри односи со соседите, дека сакаме да градиме мостови за соработка, дека тоа за нас е двонасочна улица. Досега претпоставувам биле навикнати на еднонасочна улица, но сега сме ние политичари и Влада којашто сака да водиме добрососедска двонасочна улица и така ќе продолжиме да се однесуваме, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во Владата на настанот на кој ја најави новата германско-белгиска инвестиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот