Ако падне Покровск, Украина губи половина од производството на челик

Фабрика за челик и алуминиум/ Фото EPA-EFE/DAVID HECKER

Украина може да загуби половина од производството на челик ако го загуби Покровск, предупреди претседателот на „Укрметалургпром“ Александар Каленков.

За време на двете воени години, обемот на производство на челик во Украина се движеше од 6 до 6,5 милиони тони годишно, рече Каленков, предупредувајќи дека ако падне Покровск, овие бројки може да паднат на два или три милиони тони. Во тој случај Украина би имала под своја контрола само еден рудник од кој се вади коксен јаглен.

Претходно беше најавено дека „Арселор митал криви рог“, кој од 2005 година е во сопственост на „Арселор Митал“, инаку втората по големина металуршка компанија во светот, ќе го намали производството поради падот на побарувачката и поскапувањето на струјата.

„Единствениот рудник под контрола на Украина кој произведува кокс јаглен се наоѓа во Покровск“, рече претседателот Каленков.

„За две години стопивме шест, шест и пол милиони тони челик, а годинава можеме да достигнеме 7,5 милиони тони. Меѓутоа, ако го загубиме Покровск, ќе има само два-три милиони тони“, објави Укрметалургпрома.

Инаку на териториите контролирани од Русија постојат ресурси кои овозможуваат топење на 12 милиони тони челик годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот