Ако нема енергетска криза, нема потреба и од зголемување на цената на струјата

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Надоместокот за приста до мрежа, „има да го нема“ во јануарските сметки. Министерот за економија изјави дека цените на струјата во блоковите се многу транспарентно објавени од РКЕ и тој лично не верува дека декемвриските сметки на граѓаните се зголемени повеќе од утврденото

Во трката за нов универзален снабдувач со струја се три компании од кои веќе се пристигнати понуди. Постапката е во тек, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши и додаде дека Комисијата работи и до крајот на април ќе биде донесена соодветна одлука од Владата, а граѓаните ќе добијат снабдувач согласно законските рокови. Министерот повтори дека Регулаторната комисија веќе се изјаснила за надоместокот за пристап до мрежа, кој „ненајавено се појави на декемвриските сметки“.

-ЕВН има обврска да го укине овој трошок во јануарските сметки, бидејќи тој не беше предвиден за декември – додаде Бектеши.

Министерот за економија изјави дека цените на струјата во блоковите се многу транспарентно објавени на веб страна на РКЕ и тој лично не верува дека декемвриските сметки на граѓаните се зголемени повеќе од утврденото.

-Но, граѓаните имаат право на жалба до РКЕ и ако има грешка или злоупотреба веднаш ќе се исправи – одговори Бектеши на новинарска забелешка дека дел од граѓаните добиле превисоки сметки за струја.

Од Бектеши и информацијата дека до 1 јули нема да има нови повисоки цени на струјата за блоковите, бидејќи според Законот за енергетика, цените се одредуваат два пати годишно.

-Каква ќе биде одлуката по 1 јули, никој не може да каже. Но, ќе потсетам дека согласно сите параметри енергетската криза е целосно стабилизирана, а ние како Министерство за економија не сме објавиле дека има криза. Сите заложби на компаниите редовно се одвиваат и по 1 јули не очекуваме да има зголемување на цената на електричната енергија – кажа Бектеши на прес-конференција во Владата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот