Ако ja киселите прерано, брзо ќе се расипе: Кој месец е најдобар за киселење на зелка

Ако сте љубител на зимница, односно на кисел зеленчук, туршијата е одличен избор, а како еден од главните извори на витамин Ц во текот на зимата може да послужи и киселата зелка.

Сепак, важно е да знаете како правилно да ја киселите, како да ја зачувате што подолго во текот на зимата и кое е најдобро време да ја ставите во бурето, за да стаса токму кога е потребно.

Најдобро време за киселење на зелка е средината на октомври. Од ова може да се отстапи ако временските услови се нетипични, па на пример, како оваа година, надвор е сè уште премногу топло. Во тој случај, киселењето на зелката можете да го преместите за крајот на месецот и со тоа да го продолжите рокот на траење.

Процесот на биоферментација во киселата зелка бара температурите да бидат стабилни на ниво од 18 до 21 степен Целзиусов.

Во овие временски услови, зелката брзо и лесно се закиселува. Ако температурата е над 22 степени, зелката брзо ќе ја промени бојата, ќе се појави таканаречен цвет, бела скрама на врвот од бурето и тоа е знак дека треба да се спречи ферментацијата, бидејќи зелката може брзо да се расипе.

За ферментацијата на киселата зелка во процесот на киселење обично е потребно и до четири недели, па ако го започнете овој процес на крајот на септември, можете да сметате дека ќе имате вкусна кисела зелка веќе во октомври или почетокот на ноември.

Ако сакате да ја зачувате подолго време, а забележите дека се формира цвет и дека зелката ќе се расипе, додадете винобран во бурето и со тоа ќе го прекинете процесот на ферментација. Така можете да ја зачувате речиси во текот на целата зима и да уживате во нејзиниот вкус до раната пролет.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот