Акција на „Водовод и канализација“: Долговите за вода можат да се плаќаат на рати и без камата

Сметки од ЈП „Водовод и канализација“ / Фото: МИА

Скопјани кои имаат неплатени сметки за вода за повеќе месеци ќе можат своите долгови кон ЈП „Водовод и канализација“ да ги отплатат на рати без притоа да плаќаат и камата за задоцнето плаќање.

Од претпријатието информираат дека ваквата акција е во тек и ќе трае најдоцна до 31 јули и ги повикува граѓаните да ја искористат можноста.

 Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање – велат од „Водовод и канализација“.

Оттаму додаваат дека одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот