Ајкула нападна на плажа во Тексас, две лица искасани, едното со сериозни повреди

Алкула нападна туристи во Тексас, при што две лица се повредени, а едното со сериозни повреди било итно пренесено во болница.

Уште две лица имале средба со дивото животно но за среќа останале неповредени.

Директорот, капетанот Крис Дауди рече дека официјалните лица веруваат дека е одговорна само една ајкула долга околу 6 метри.

Рајнер Карденас изјави дека тој и неговото семејство пливале кога неговиот зет бил тешко повреден на ногата.

– Се свртев, и одеднаш го немаше зад мене. Почнав да пливам кон него, а тој скокна од водата извикувајќи ајкула, ајкула, ајкула и тогаш почна да се покачува адреналинот. Почнав да пливам по него, рече Рајнер Карденас.

Карденас вели дека го однел на брегот и луѓето веднаш притрчале да помогнат.

Тој очекува неговиот роднина да биде добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот