Ахмети се сретна со францускиот амбасадор Ле Риголер

Денеска во седиштето на Демократската унија за интеграција во Мала Речица кај Тетово, претседателот на партијата Али Ахмети остварил средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, соопшти партијата.

Ахмети му честитал на амбасадорот Ле Риголер за назначувањето на новата должност, уверувајќи го во континуитет на одличните односи со Франција.

„Ахмети му се заблагодари на амбасадорот за сета поддршка на Франција за европската иднина на нашата земја како и за помошта на Париз во постигнувањето на договорот со Бугарија“, соопштија од ДУИ.

ДУИ останува целосно посветена на продолжување на европскиот пат и нема да го тргне овој врвен приоритет од дневниот ред до неговата конечна реализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот