Ахмети: Нема место за негирањето на Охридскиот и Преспанскиот договор, НАТО, ЕУ, Косово и албанскиот јазик

Али Ахмети
Али Ахмети, лидер на ДУИ/ Фото: Фејсбук

Лидерот на ДУИ Али Ахмети запали цигара и се огласи преку Фејсбук, потенцирајќи ги уште еднаш европските вредности кон кои се стреми државата, чие негирање, беа причина вчера, пратеникот од Беса Кастриот Реџепи, како дел од новото парламентарно мнозинство, што не се појави на гласањето во Собранието за недоверба на владата на Заев.

-Пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности. Денес преовладуваше совеста за заеднички достигнувања, слобода, еднаквост, правда, добрососедство, евроатлантска ориентација на нашата земја и безбедна прозападна иднина. На нашата земја и треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост. Негирањето на Охридскиот договор, Договорот од Преспа, добрососедството, но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик – не може да има место овде. Како што кажав, нема да постапуваме со емоции ниту со еуфорија. Заедно засекогаш и секогаш!, напиша Ахмети на Фејсбук.

Пред полноќ пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алијанса и Алтернатива и Левица не успеаја да обезбедат кворум за да изгласаат недоверба на владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот