Агресивен жител на Велешта натепал обезбедувач во казино, доби кривична пријава

Игри на среќа / Фото: Илустрација

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(33) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Според полицијата, тој бил агресивен кон сите присутни во казиното, а потоа натепал и тешко повредил обезбедувач во објектот.

„На 09.09.2024 во казино на улица „Маркс и Енгелс“ во Струга тој агресивно се однесувал кон вработените и гостите, а потоа пред казиното физички нападнал работник кој го обезбедувал објектот“, информира МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот