Адвокатот на Диди со бизарно објаснување зошто раперот имал 1.000 шишиња бебешко масло дома

Диди и неговиот адвокат, Марк Агнифило / Фото: EPA

Марк Агнифило, адвокатот на Шон „Диди“ Комбс, тврди дека раперот имал толку многу шишиња бебешко масло бидејќи тој, како и секој друг Американец, сакал да купува на големо.

Адвокатот одговори на тврдењата на федералните агенти дека конфискувале „1.000 шишиња бебешко масло и лубриканти“ од домовите на Комбс во Мајами и Лос Анџелес, како дел од рацијата поврзана со истрагата за неговата наводна сексуална империја.

„Мислам дека не беа 1.000. Беа многу, да. Мислам, има ‘Костко’ (продавница) на крајот од улицата. Сметам дека Американците купуваат на големо, како што веќе знаеме“, изјави Агнифило за „Њујорк пост“.

„Возрасните луѓе прават консензуални работи. Не можеме да станеме толку пуритански во оваа земја и да мислиме дека сексот е лоша работа. Ако беше, немаше да има толку луѓе“, додаде тој.

Адвокатот беше во посета на Комбс во Метрополитен притворниот центар во Бруклин, каде што е затворен и во очекување на судењето.

Според обвинението, чија содржина во целост ја објави Си-ен-ен, раперот се потпирал на своите вработени, ресурси и влијанието на моќната деловна империја што ја водел и ја контролирал, создавајќи криминална мрежа во која тој и неговите соработници биле вклучени во трговија со луѓе, принудна работа, киднапирање, палење, корупција и попречување на правдата.

На 14 страници, федералните власти даваат шокантни детали за неговата наводна вмешаност во серија злосторства, кои тој ги негира.

„Тој не е виновен, тој е невин по тие обвиненија“, изјави неговиот адвокат Марк Агнифило.

Раперот се изјасни за невин, но му беше одбиена кауција од 50 милиони долари и мора да остане во притвор.

Во обвинението се наведува дека Диди користел „одредени вработени“ за да го продолжи и прикрие своето насилство и трговија со луѓе. Но, тие вработени не се именувани во документите. Тие му овозможувале сексуални дејства на раперот, кои во документот се наречени „Freak Offs“, а вклучувале сексуални работнички и „снабдување на хотелските соби со разни материјали, вклучувајќи контролирани супстанции, бебешко масло, лубриканти, дополнителна постелнина и осветлување“. Истите залихи, поточно разни наркотици и повеќе од 1.000 шишиња бебешко масло и лубриканти, полицијата ги заплени во неговите вили на почетокот на годинава.

Минатиот ноември неговата поранешна девојка Касандра Вентура, позната како Каси, го обвини за сексуален напад и семејно насилство, а многу други жени тргнаа по нејзините стапки, тврдејќи дека биле жртви на раперот. Овој февруари, поранешниот продуцент на Комбс, Родни Џонс Помладиот, исто така поднесе тужба, велејќи дека музичарот се обидел да го „присили“ на секс со други мажи. Сите обвинувања добија дополнителна тежина од снимките од безбедносните камери од хотелот на кои се гледа како тој ја напаѓа и ја тепа својата поранешна партнерка Каси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот