Адвокатот на актерот од „Луд, збунет, нормален“: „Делото е грдо, но човекот ја искористи можноста што му следуваше по закон“

Фото: Скриншот/Јутјуб

Русмир Каркин, адвокатот кој го застапуваше босанскиот актер Моамер Касумовиќ, осуден за сексуален напад на малолетник, изјави дека постапката била „нормална“ и дека Обвинителството, но и одбраната поднеле жалба по првостепената пресуда.

„Ова беше предмет како и сите други вакви предмети, само што се работи за позната личност. Казната е во согласност со законот. Човекот ја искористи можноста, која законот ја дозволува, да ја откупи казната. Ја откупи казната и толку“, вели Каркин за „Аваз“.

Адвокатот дека претходно не се разговарало за постапката бидејќи станувало збор за малолетно лице.

„Јавноста сега е заинтересирана бидејќи тој е позната личност. Но, немаше ништо необично или посебно. Имаше редовна постапка. Обвинителството го покрена обвинителниот акт, ги сослуша своите сведоци, ги сослуша сведоците на одбраната и ја донесе пресудата – осуден на една година затвор“, вели Каркин.

Тој вели дека „делото е грдо“, особено кога ќе се прочита нешто вакво за позната личност.

„За да не ме разберете погрешно. Не го минимизирам овој случај, но делото за кое е осуден е за два допири. А за тие два допири доби една година затвор“, вели Каркин.

Тој тврди дека судот ја изрекол казната и дека овде никој не бил измамен, ниту пак било нешто „дадено или ветено“.

„Редовно доаѓаше во постапката, се појавуваше. Се пожаливме и ние, а и Обвинителството. Сега не се сеќавам дали се пожаливме за висината на казната. Знам дека не бевме задоволни од пресудата“, изјави Каркин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот