17 загинати во масовни престрелки во Јужна Африка, 15 од жртвите се жени

Најмалку 17 луѓе, од кои 15 жени, се убидени во две масовни престрелки што се случија во непосредна близина во рурален град во Јужна Африка, соопшти полицијата на 28 септември.

Полицијата соопшти дека во тек е потрага по осомничените. „Уште едно лице е во критична состојба во болница“ се вели во нивното соопштение.

Престрелките се случиле во петокот вечерта во град на југоистокот од земјата. Снимки објавени од полицијата покажаа дека пукањето се случило во две куќи во истата населба.

Во едната куќа се убиени 12 жени и еден маж, а во другата се убиени три жени и еден маж, соопшти полицијата.

Јужна Африка има една од највисоките стапки на убиства во светот, а масовните пукања стануваат сè почести во последниве години, понекогаш насочени кон луѓето во нивните домови.

Десет членови на истото семејство, од кои седум жени и едно 13-годишно момче, беа убиени во масовно пукање во нивниот дом во соседната провинција КваЗулу-Натал минатиот април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот