Секс во вода е врв на уживање: Особено е возбудлив на море, а на ова место ризикувате инфекција

Фото: SoCo Hotel / Flickr

Сексот во вода може да биде интересно искуство, забавен и интимен. Меѓутоа, тоа може да биде предизвик, а треба да се води сметка и за безбедноста.

Еве што треба да знаете ако сакате да бидете интимни на плажа или во базен ова лето.

Секс во море

Главниот предизвик со подводниот секс е тоа што водата не е лубрикант и може да ја измие природната вагинална влага или лубрикантот купен во продавница.

Ова може да доведе до сувост, иритација и зголемен ризик од инфекција. Силиконскиот лубрикант е најдобриот избор бидејќи е поводоотпорен и подолготраен од оние на база на вода или масло. Лубрикантот можете да го нанесете веднаш пред да влезете во вода.

Треба да имате на ум дека заземањето одредена поза во водата може да биде тешко поради брановите и затоа што не сте стабилни во водата. А сексот во длабочините е многу ризичен. Силните струи можат да ве попречат и да ви направат непријатност.

Совет е да избегнувате секс во длабоко и да се одлучите за интимност на брегот.

На брегот е полесно е да се најде добра позиција, а ризикот од давење е помал. Исто така, може да размислите и за секс на чамец, брод или на сплав.

Фото: Daiana Seeck / Pexels

Секс во базен

И сексот во базен може да биде возбудливо искуство, иако треба да водите сметка за одредени работи. Имено, хлорот во водата од базенот може да ја иритира кожата.

Исто така, одредени бактерии често може да се најдат во водата во базенот, па ризикот од урогенитални инфекции е зголемен.

За да уживаат во сексот во базен, луѓето треба да следат неколку совети. Прво, користете лубрикант – имајте на ум дека хлорот може да ја иритира кожата.

Исто така, не водете љубов во базен доколку сте под дејство на алкохол. Погрижете се да сте сами на базенот.

И во секој случај, избегнувајте секс кој вклучува ставање на главата на личноста под вода – тоа може да биде многу опасно.

Под туш

За многу луѓе, водата што тече и шушка е особено релаксирачка и еротска.

Сексот под туш е возбудлив и има помал ризик од водењето љубов во море или базен. Сепак, водете сметка за безбедноста.

Користете подлога, за да не се лизнете, како и шипка за држење во туш – кабината. Така го намалувате ризикот од паѓање и повреда.

Самиот туш можете да го користите за дополнителна стимулација и задоволство, пренесува „Медикал њус тудеј“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот