10 ОПАСНИ ГРЕШКИ кои ги правиме скоро сите при земање лекови

лекови

Без разлика дали се работи за терапија препишана од лекар или пак земате аналгетик или витамини, секогаш треба да имате предвид некои правила кога земате лек.

Овие совети важат и за лековите на рецепти, но и за оние кои може да се најдат во слободна продажба.

Еве кои грешки треба да ги избегнувате:

Не ги читате упатствата

Тоа што се продава во аптека не значи дека треба безрезервно да го земате лекот. Читајте го упатството, за да можете да бидете подготвени дури и за оние нус-појави кои се со најмал процент на појавување.

Земате седативи, а имате дигестивни проблеми

Одредени лекови кои спаѓаат во групата бензодијазепини го зголемуваат ризикот од појава на киселини во желудникот. Овие лекови го разлабавуваат сфинктерот на езофагусот и може да дојде до искачување на киселините до грлото.

Земате антидиуретици дури и при покачена температура

Антидиуретиците не смеете да ги земате на своја рака, особено ако имате видливи знаци на некоја внатрешна инфекција. Посетете лекар што побрзо.

Секојдневно земате аспирин

Аспиринот го зголемува ризикот од крварења во желудник и црева. Иако е лек што може да го купите во слободна продажба, консултирајте се со лекарот, дури и ако сте целосно здрави.

Нагло ги прекинувате терапиите

Без разлика за што и да се работи, наглото прекинување на терапијата не се препорачува. Лекарот ќе ви препише помали дози, за постепено да ја прекинете, било да се работи за хронична терапија или за лекови за ментални нарушувања.

Земате „стар“ антибиотик за нова болест

Ако ви останал антибиотик од претходниот пат, фрлете го, бидејќи тој бил наменет за тогашната слика. Антибиотиците никако не се земаат на своја рака, за да спречите резистентност.

Внимателно со антипсихотиците

Вашиот лекар треба добро да ви објасни зошто ви го препишува овој тип на лек. Не се двоумете да прашате, бидејќи имате право да знаете.

Земање калциум на гладно

Калциумот се зема како додаток со појадокот или со ужината. За да се разгради потребна е концентрирана хлороводородна киселина, а на гладно нејзината концентрација е помала.

Прекинувате терапија предвреме

Дури и ако се работи за маст или крема која ја мачкате поради состојба на кожата, не се препорачува прекинување на терапијата. Ова важи уште повеќе за лековите кои се земаат орално.

Самите си дијагностицирате габична инфекција

Точно, знаете да препознаете габична инфекција, но дали сте сигурни дека е истата како и претходниот пат? Не си поставувајте дијагноза, а уште помалку, не земајте антимикотици на своја рака, особено ако сте жена и ако треба да ги примите преку вагината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот