Ѝ нема рамна! Александра Пријовиќ летово двапати ќе пее во Црна Гора, а тоа ќе ѝ донесе 160.000 евра!

Foto: Printskrin/Instagram

Српската пејачка Александра Пријовиќ за само два настапи во Црна Гора ќе инкасира 160.000 евра.

Александра Пријовиќ седна на тронот на балканската музичка сцена и во моментот е најбараната пејачка во регионот, вклучително и Црна Гора, каде што се вжештува летната сезона.

Младата музичка ѕвезда годинава двапати ќе пее во најголемиот клуб на црногорското приморје, а од тие настапи, кои ќе работат на одреден процент од продадените влезници, ќе заработи 160.000 евра, пишува српски „Курир“.

– Во моментов никој не може да ѝ се доближи на Прија по популарност во Црна Гора. Сите ја бараат, но таа одлучи оваа сезона да има минимален број настапи за да се одмори малку од својата актуелна концертна турнеја, но и да ги наполни батериите за продолжението на турнејата што ја очекува во текот на летото и есента – вели изворот и додава:

– Иако без проблем можеше да го наполни најголемиот клуб во Будва пет вечери по ред, таа таму ќе пее двапати – еднаш во јули и еднаш во август. Исто како минатото лето. Прија во тој клуб ќе работи на процент од продадените влезници, а бидејќи цената на билетот годинава е 30 евра, внатре можат да се сместат околу 4.500 луѓе, а само од продажба за една ноќ пеење ќе се заработат 135.000 евра. Од тоа, таа ќе добие речиси 80.000, а останатото ќе оди на трошоци, како што е изнајмување дополнително озвучување и ефекти – раскажал соговорникот на „Курир“.

ФОТО+ВИДЕО | Александра Пријовиќ и четвртиот ден пеела во луксузна модна комбинација: Моделот чини над 13.000 евра

Целиот регион лудува по Александра Пријовиќ: За неколку месеци ќе наполни повеќе од 20 арени

Ѝ нема рамна: Александра Пријовиќ заработила 590.000 евра, но не од концерти!

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот