Тунберг ќе донира 100.000 евра за праведна распределба на вакцини против Ковид-19

Младата активистка Грета Тунберг/Фото: Профимедиа

Активистката Грета Тунберг изјави дека владите, производителите на вакцини и меѓународната заедница мора повеќе да се вложат во борбата против нерамноправната распределба на вакцини во светот и најави дека ќе донира 100.000 евра за програмата КОВАКС.

Активистката Грета Тунберг изјави дека владите, производителите на вакцини и меѓународната заедница мора повеќе да се вложат во борбата против нерамноправната распределба на вакцини во светот и најави дека ќе донира 100.000 евра за програмата КОВАКС.

Шведската тинејџерка, која го инспирираше меѓународното еколошко движење за борба против климатските промени „Петок за иднината”, изјави дека во богатите земји секоја четврта личност прима вакцина против Ковид-19, а во сиромашните само една на 500.

– Целосно е неетички во богатите држави сега да вакцинираат млади и здрави луѓе на штета на ризичните групи и оние кои се на фронтот на одбраната од пандемијата во сиромашните земји, истакна Тумберг.

Светска здравствена организација објави дека минатата недела се регистрирани 5,2 милиони новозаразени луѓе со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот